Основното училиште „Гоце Делчев“ од општина Илинден го освои првото место на натпреварот „Едукација за значењето на енергијата“, што се одржа на ниво на Град Скопје.
Со кампањата за подигнување на јавната свест во однос на климатските промени, во организација на „Еколоџик“, а со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, беше реализиран проект со наслов „Едукација за значењето на енергијата, начинот на производство и употреба преку теорија и пракса“.
Во натпреварот беа вклучени ученици од 6-то одделение од дваесет основни училишта од град Скопје, поточно од општина Илинден, општина Центар и општина Карпош.
Проектот се состоеше од два дела, интерактивен наставен час со изведување на практичен експеримент и натпревар меѓу основните училишта преку правење на видео на тема колку е енергетски ефикасно нивното училиште, потоа истражување за тоа колку училиштето е ангажирано и колку вложува во енергетската ефикасност, поткрепено со фотографии.