Насловна / Вести / ОУ „Гоце Делчев“ како енергетско-ефикасен објект

ОУ „Гоце Делчев“ како енергетско-ефикасен објект

OUGoceDelchev Ilinden

Старите 62 дрвени и дотраени прозорци на основното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Илинден ќе се заменат со нови алуминиумски со термопан стакло. Ќе се заменат и пет влезни врати, ќе се реконструира фасадата и ќе се монтира нов котел во училиштето. Ова е предвидено со меморандумот за соработка за реализација на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, што го потпишаа општината Илинден и УСАИД.
Од општината потенцираат дека со реализацијата на овој заеднички проект се продолжува по зацртаниот курс за кревање на нормите, вредностите и стандардите во образованието.
Проектот што ќе се спроведува во најголемото училиште на територијата на општина Илинден, во кое се образуваат над 1.100 ученици, е вреден над три милиони денари.

Испрати коментар

Scroll To Top