Уметничкиот колектив TeamLab креира генијален интерактивен ресторан во Токио. Имено, овој концепт на ресторанот дневно послужува осум гости, а во прашање се вечери, кои нудат уникатно визуелно искуство надополнето со шармот на разни вкусови и миризби.
Освен врвната кујна со елегантен ентериер, акцентот е ставен и на керамичките чинии на кои се служи храната, а кои исто така, се и одлични основи за сите визуелни интерпретации што гостите можат да ги доживеат тука.
„Кога чинијата е послужена се случува визуелна рапсодија насекаде, а како се менува содржината во чинијата, така се менуваат и визуелизациите. Константните промени реферираат на Јапонија и годишните сезони, а самото мени, како и нејзиното презентирање се менуваат месечно“, порачуваат луѓето од ресторанот.