Првoто кино во светот IMAX VR со доживување на виртуелната реалност ги отвори своите врати во Лос Анџелес. Покрај филмови, салите ќе понудат забава со видео игри.
На крајот на минатата година компанијата IMAX, која го развива истоимениот киноформат, ја објави својата намера да инвестира најмалку 50 милиони долари во создавање на неколку десетици VR филмови. Првиот салон со новата технологија е токму овој во Лос Анџелес, соопшти UploadVR.
Во него нема големи екрани, туку 14 изолирани соби, секоја со по една фотелја Dbox. Гледачот добива шлем за виртуелната реалност – HTC Vive или Starbreeze StarVR, физички контролер и посебен елек Subpac со систем за вибрирање.
Билетите во IMAX VR ќе чинат од 7 до 10 долари. Голем број на компании, вкл. ILMxLABs, Sony, Lionsgate, Starbreeze, Survios и Ubisoft ќе испорачуваат содржина за VR кината на IMAX. Претстои отворање во блиска време на уште четири слични кино сали во САД и Кина.