Синоќа во Музејот на град Скопје беше отворено 17. Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2014. Станува збор за презентација на македонската архитектура во изминатите две години. На изложбата се претставени 84 паноа, видеа, макети, од веќе афирмирани, но и млади македонски архитекти.
Претседателката на Асоцијацијата на архитекти од Македонија, која е организатор на Биеналето, Сања Раѓеновиќ – Јовановиќ, изјави дека БИМАС се отвора во време кога е игнорирана македонската архитектонска фела, кога се создаваат два паралелни света, две страни на еден град, кога домашната архитектура е злоупотребена. Таа смета дека треба да се развие здрава дебата, за да се види до каде е архитектурата, да се лоцираат грешките и конечно архитектурата да го добие своето заслужено место.
Од вкупно пријавените 112 труда селекторот на Биеналето, Биљана Филиповска – Тодорчевска, одбра 84. Таа вели дека за пофалба е што има добар процент на квалитетно архитектонско творештво, било од веќе докажани професионалци, но и од млади архитекти кои ќе застанат во одбрана на архитектурата, наспроти нејзината комерцијализација. Што, според неа, создава голем впечаток.
Во рамките на манифестацијата, покрај презентацијата на творештвото на архитектите, ќе има предавања, дебати и размена на мислења на луѓето од фелата, на кои ќе учествуваат домашни и странски архитекти. Исто така во четврток, 9 мај, ќе се отвори изложбата на младите архитекти – БИСТА.
На 19 мај, кога ќе се одржи свеченото затворање на Биеналето, ќе се доделат и признанијата, Гран при и специјални награди, за кои ќе одлучува жири-комисија со која претседава архитектот Мишко Ралев.
Zosto BIMAS kompletno go ignorira najzastapeniot smer vo makedonskoto arhitektonsko tvorestvo vo poslednite 2 godini?
Ne deka sum ljubitel , no smetam deka ima potreba da se napravi osvrt, da se analizira i dokumentira ovaa sramota.
Toa e poradi NEmocta na taa institucija…zivee vo svoj svet, irealen.
Proektot SKOPJE 2014 ne se prijavi za ucestvo ,no na taa tema ima panel diskusija slednata sedmica
i za zhal ke ostane na diskusija samo . Tolku ste posveteni vie rozevi “golemi” arhitekti na ova vreme shto se plashite da se protistavite na ova shto se sluchuva pred vas.Falete si se po vakvi mrtvi bienalinja so dvokatni niskobugetni proketi !!!!!!!!!