Насловна / Вести / Отворени се пријавите за осмата Летна школа на Енергетската заедница

Отворени се пријавите за осмата Летна школа на Енергетската заедница

Осмата летна школа на Енергетската заедница ќе се одржи од 20-ти до 27-ми јули 2024 година, на Техничкиот универзитет на Молдавија во Кишињев. Како и изминатите години, фокусот е на секторите од енергетиката кои минуваат низ транзиција, особено во југоисточна и источна Европа. Програмата ќе го опфаќа поширокиот географски контекст во Европа. Целта на школата е да овозможи на учесниците да ги разберат енергетските сектори и да промовираат развој на вештини во сите области поврзани со енергетиката. Програмата опфаќа комбинација на курсеви, предавања, социјални и културни активности. Покрај теоријата, вклучена е и практична обука со студии на случај. Групата која ќе биде најдобра, ќе добие признание.

enc1

Сите заинтересирани можат да се пријават со 31-ви март, преку пополнување на формуларот за апликација, кој треба да се достави заедно со краток труд на тема од областа на енергетските политики. Кандидатите ќе бидат избрани од страна на Секретаријатот на Енергетската заедница во консултација со академските и истражувачки институции на земјите учеснички. Што се однесува до критериумите, ќе бидат земени во предвид пријавите од студенти на постдипломски студии (мастер и докторски), истражувачи од различни области, стручњаци од државни институции, енергетски компании и невладини организации. Кандидатите не може да бидат постари од 35 години. Покрај за државјаните на ЕУ, учеството е бесплатно за државјаните на Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Македонија, Црна Гора, Норвешка, Турција, Украина, Србија и Велика Британија. Ќе бидат избрани вкупно 48 кандидати. Овогодишната Летна школа се организира во соработка со Вишеградскиот фонд, фондацијата Friedrich-Ebert-Stiftung – Dialogue Southeast Europe (FES SOE), Универзитетот „Полис“ и Техничкиот Универзитет на Молдавија. Студентите кои ќе ја поминат школата ќе добијат по 3 ECTS поени. Повеќе детали на следниот ЛИНК.

enc2

 

Испрати коментар

Scroll To Top