Насловна / Вести / Отворени предавања за енергетска ефикасност

Отворени предавања за енергетска ефикасност

solarenergypanels
Денес во Охрид се одржуваат отворените предавања за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија(ОИЕ), кои се дел од третата активност на проектот „Зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион“ кофинансиран од Европската Унија како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија.

Актуелната тема на настанот, организиран од МАЦЕФ, привлече голем број посетители, а особен интерес покажаа граѓаните, претставниците на општините, претставници на малите и средни претпријатија и претставници на локалните институции од Југозападниот плански регион на Република Македонија.

Целта на предавањата е присутните да се информираат за можните начини на заштеда на енергија во домаќинствата, претпријатијата и градежните објекти, исто така да се запознаат и со придобивките од примената на обновливите извори на енергија.

Veternici za struja
Истакнати професори од три технички факултети во земјава пренесоа подетални информации за енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Професор д-р Тодорка Самарџиоска, од Градежниот факултет во Скопје, одржа предавање на тема „Материјали и методи за ЕЕ во градежни објекти“ , професорот д-р Славе Арменски, од Машинскиот факултет – Скопје, го збогати настанот со своето излагање на тема “Совети за ЕЕ и ОИЕ наменети за граѓаните и мали и средни претпријатија“, а професорот д-р Арсен Арсенов, од Факултетот за електротехника и информациски технологии– Скопје,  ги запозна присутните со ЕЕ во осветлувањето, придобивките од искористувањето на сончевата енергија за добивање на електрична енергија со поставување на фотонапонски системи и со искористувањето и придобивките на ветерот со примери од нашата земја.

Еден коментар

  1. Никола

    Џабе, предавања, обуки, субфенции кога од загадениов воздух неможе сонцево пројде

Испрати коментар

Scroll To Top