Денес на Скопскиот саем е отворена саемската манфестација Технома 2015. На 41. издание на ТЕХНОМА најавено е учество на повеќе од 185 изложувачи од кои 50 од странство, а за првпат годинава ќе се претстават и компании од Тајван. За време на ТЕХНОМА ќе бидат отворени и 35. Меѓународна изложба на иновации „Макинова“ и 16. Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство.
Извршниот директор на Скопски саем Даниела Глигоровска, нагласи дека ТЕХНОМА е една од најстарите бизнис ориентирани саемски манифестации во Македонија, која, како што посочи, е непресушен извор што носи нов бран на меѓурегионален развој и создавање на поволна бизнис клима во земјава и регионот.
– Во наредните четири дена ТЕХНОМА ќе понуди богата содржина и се надевам продлабочување на постоечките и создавање на нови бизнис реалции, рече Глигоровска, нагласувајќи дека во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој годинава е организиран и Форум за иновации и технологии со посебен акцент на финасирање на иновацииите, соработки за развој на иновации и на секторските пристапи во трансферот на технологиите.