Насловна / Вести / Отворена првата делница на црногорскиот автопат Бар – Бољаре (ВИДЕО)

Отворена првата делница на црногорскиот автопат Бар – Бољаре (ВИДЕО)

Првата делница на црногорскиот автопат Бар – Бољаре, од Смоквица до Матешево во должина од 41 километар се отвори вчера на 13. јули, Денот на државноста на Црна Гора. Ова се првите километри од црногорскиот автопат и освен поудобен и побрз сообраќај и далеку побезбеден, бидејќи ќе се избегне најризичната делница од автопатот кон Јадранско море покрај кањонот Морача.

2_resize

Делницата се градеше седум години, два месеца и три дена, пробиени се сите рокови, цената за километар важи за најскапа во светот, барем така еднаш изјави премиерот Дритан Абазовиќ, но сега кога ќе ја поврзе Србија со Црна Гора, Белград со Подгорица и црните точки ги остави во кањонот Морача, патниците ќе здивнат.

Screenshot 2022-07-13 102528_resize

Од „Монтепут“ велат: „Во прашање е најскапиот инфраструктурен проект во Црна Гора, кој ќе не чини речиси една милијарда евра. Позајмивме пари од Кина, поточно нејзината EXIM банка. Главен изведувач е исто така кинеската компанија CRBC.

Работите започнаа во 2015 година, а според првичниот договор требаше да завршат во 2019 година. Сепак, сложеноста на работите на многу комплициран терен, а потоа и пандемијата на коронавирус, неколку пати го поместуваа рокот“.

0_resize

На оваа траса, прва, од идниот автопат Бар-Бољаре, има 20 мостови, 16 тунели со двојни цевки со вкупна должина од речиси 18 километри и врвен телекомуникациски центар, кој прима слики од 560 камери кои имаат можност за автоматска детекција на инциденти.

„Што се однесува до конфигурацијата на теренот, имаме надморска височина од 60 метри на почетокот на трасата, а на крајот, во Матешево, имаме надморска височина од 1.160 метри. Така што градбата многу изискуваше.“, вели Милан Љиљаниќ, извршен директор на „Монтепут“.

01_resize

Тунелот „Ветерник“ долг три километри, на дваесетина километри од Подгорица, е како порта низ која се поминува од една клима во друга. Сосема различни температури, морфологија на почвата и растителен свет.

Сообраќајното поврзување на регионот зависи и од продолжувањето на градбата, претстојат уште две делници пред црногорскиот автопат да излезе во Бољаре, во пресрет на српскиот автопат.

„Вкупната должина на тие две делници е 72 километри, што се однесува до „Монтепут“, ќе гледаме од следната година да започне изградба на следната делница од 23 километри, а потоа и делницата од 50 километри“, вели. Љиљаниќ.

Патарината за автомобили ќе биде до 3,5 евра, а максималната брзина на делницата од Подгорица до Колашин е ограничена на 100 километри на час. Веќе оваа летна туристичка сезона, за оние кои ќе го тргнат црногорското приморје во оваа насока, ќе биде сосема поинаква.

Испрати коментар

Scroll To Top