Насловна / Архитектура / Отворена новата зграда на Етнографскиот музеј во Будимпешта

Отворена новата зграда на Етнографскиот музеј во Будимпешта

Новата зграда на Етнографскиот музеј е отворена во градскиот парк Városliget во Будимпешта. Проектот на величествената зграда е потпишан од архитектот Марсел Ференц од унгарското архитектонско студио NAPUR Architect. Најголемиот парк во Будимпешта и еден од најстарите јавни паркови во светот со имплементацијата на сеопфатниот проект за реновирање Liget Budapest станува модерна зелена зона на релаксација, забава и рекреација во срцето на унгарската престолнина, но и нејзин нов културен центар на импресивни архитектонски објекти.

Budimpesta

Ласло Баан, комесарот на унгарската влада за проектот Liget Budapest, ја пофали генијалноста на архитектот Марсел Ференц, кој го потпиша проектот на новата зграда на Етнографскиот музеј, првиот постојан дом во историјата на музејот во 1872 година. Директорот на Етнографскиот музеј, Лајош Кемечи, рече дека за прв пат институцијата стара 150 години добива дом изграден според сопствени потреби.

Новата зграда со вкупна површина од 34 илјади квадратни метри е изградена долж југозападниот раб на Градскиот парк (Városliget), на некогашниот голем паркинг и во близина на новата куќа на унгарската музика (Magyar Zene Haza) проектирана од јапонската архитектонска ѕвезда Су Фуџимото.

Budimpesta1

Новата музејска зграда е проект на Марсел Ференц од унгарското архитектонско студио NAPUR Architect. Зградата се карактеризира со динамични, но едноставни линии кои се истовремено усогласени со околината на паркот и комуницираат со околната урбана област. Малку заоблените линии овозможуваат зградата да функционира како влез и премин што ги поврзува градот и паркот. Дури шеесет отсто од зградата е под земја, а благодарение на зелениот покрив и проѕирноста на неговиот надземен дел, новиот музеј е хармонично интегриран во околината. Покривот во голема мера е покриен со тревници, а со подигнатите краеви наликува на два рида, кои сигурно ќе станат ново место за дружење и собирање посетители на Városliget.

Budimpesta3

Спектакуларната стаклена фасада на зградата е покриена со ласерски исечена алуминиумска мрежа, направена со користење на традиционални етнографски мотиви избрани од унгарски и меѓународни музејски збирки.

Етнографскиот музеј веќе е препознаен како еден од највозбудливите современи градби во Европа, а како дел од проектот Liget Budapest е вклучен меѓу финалистите за MIPIM наградите за 2017 година во категоријата најдобри мега проекти во иднината. Новите функции и флексибилните простори на модерната музејска зграда овозможуваат одлична презентација на богатото историско наследство и отвораат нови можности за комуникација со посетителите.

Budimpesta2

Испрати коментар

Scroll To Top