Денес во новата вежбална на Алпинистичкиот клуб „Матка“ ќе се одржи првиот тренинг за качување по карпа.
Според клубот, новиот простор нуди услови за комплетен болдер тренинг, кој со своите најразновидни елементи овозможува соодветна подготовка за реални ситуации при качување на карпа.
Обуката за стекнување на посакуваната физичка и техничка подготвеност, ја спроведува Училиштето за алпинизам при А.К. „Матка“
Болдер вежбалната е сместена во хангарот број 7 во Основното училиште „Партенија Зографски“ во Кисела Вода (спроти „Шампионче“), на улица „Мишко Михајловски“.