Насловна / Архитектура / Отворена највисоката модуларна кула во светот

Отворена највисоката модуларна кула во светот

На средината на месец ноември беше отворена највисоката модуларна кула, и воедно единствениот модуларен станбен облакодер на светот, во Бруклин, Њујорк. Оваа зграда висока 109 метри има 32 ката и се наоѓа на улицата „Dean“. Се состои од 930 модули кои се изградени на друга локација (Brooklyn Navy Yard) и подоцна само се монтирани. Само темелите и пониските катови се конвенционално изградени. Но, над вториот кат изградбата е целосно модуларна заедно со кујнските елементи и апарати.modul-bruklin-zgrada_4

За овој пристап се вели дека е ефикасен, исплатлив и одржлив. Големите прозорци без рамки исто така се карактеристика на овие станови, и пружаат поглед на Бруклин и Менхетн. Зградата е проектирана од страна на компанијата SHoP Architects, која е автор и на соседниот Barclays Center.modul-bruklin-zgrada_3

Зградата има шарена метална фасада, а се очекува објектот наскоро да добие LEED Silver сертификат и на тој начин да биде препознаена како објект кој е проектиран, изграден, одржуван и управуван на еколошки прифатлив начин. Објектот е првата зграда во рамките на проектот Pacific Park Brooklyn, кој ќе опфаќа вкупно 560 илјади квадратни метри станбен простор во 6430 станбени единици.modul-bruklin-zgrada_6 modul-bruklin-zgrada_5 modul-bruklin-zgrada_2 modul-bruklin-zgrada_1

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top