Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечра се отвори изложбата „Три генерации Ташковски“. Васко Ташковски (Нижеполе, Битолско, 31 август 1937) е македонски сликар, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност.
Поздравен говор на отворањето одржа претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а изложбата ја отвори академик Газанфер Бајрам.
Фото: КИРО ПОПОВ