Во рамки на манифестацијата „Ноќ на музеите“ вчера вечер во Балабанова куќа во Пловдив беше отворена изложбата „Поврзување“.
На изложбата се претставени над 50 дела од ликовните уметници Мирјана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев-Пепси, Зоран Мише, Иво Пецов, Иван Стоименов, Слободан Милошески, Горан Тричковски и Павел Целкоски.
Изложбата ќе биде отворена до 31 мај, а е организирана во соработка со македонскиот Културно-информативен центар во Бугарија.
На отворањето се обратија директорот на КИЦ на Р. Македонија Васко Шутаров и заменик директорот на Општинскиот институт „Стар Пловдив“, Светлозар Чичиков. На отворањето беше нагласена добрата и плодна соработка меѓу двете институции во пресрет на 2019 година, кога Пловдив станува европска престолнина на културата.