Насловна / Архитектура / Отворена изложбата Polska Arhitekture/Полска Архитектура на Архитектонски факултет во Скопје

Отворена изложбата Polska Arhitekture/Полска Архитектура на Архитектонски факултет во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на Архитектонскиот Факултет во Скопје официјално беше отворена изложбата насловена како „Polska Arhitekture/Полска Архитектура”. Изложбата ја отвори полскиот архитект, архитектонски критичар и главна уредник на списанието „Arhitektura-Murator”, Ева Поребска.слика-2

Таа воедно е позната на јавноста преку големиот број публикации поврзани со архитектурата, била куратор на повеќе изложби, потоа член на комитетот Expert Kommittee за европската награда за урбано јавно место во 2010 година. Исто така, Ева Поребска е главниот „виновник“ за одржувањето на настанот „Life in Architecture”, каде што се бираат најдобрите архитектонски реализации во Полска.

Нејзиниот допринос во ширењето на полската современа архитектура повеќе пати е признаен и награден со  медали од Полската Асоцијација на Архитекти и Технолошкиот Универзитет во Краков.

слика-3 слика-5

Вчерашното предавање што Ева Поребска го одржа пред отварањето на изложбата  се однесуваше на современите архитектоснки градби кои што се изградени во Полска, меѓу кои беа споменати филхармонијата во Szczecin која што е добитник на меѓународно признатата награда за архитектура „Мис ван дер Рое”, потоа театарот „Shakespeare Theatre” во Гданск, главната железничка станица во Вроцлав, објектот на полското национално радио, симфонија и оркестар „Polish national radio symphony orchestra”, градската марина во Бидгошч, стадионот во Гданск, Ценатрот за документирање на уметноста „Center of Documentation of the Art” и други современи објекти со коишто Полска може да се гордее.

слика-6 слика-7

Изложбата ќе биде отворена до 27 декември 2015 година и истата е поставена во рамките на Архитектонскиот факултет во Скопје.

слика-1

Испрати коментар

Scroll To Top