На синоќешното отворање на изложбата на Димитар Кондовски, еден од најзначајните македонски современи сликари, Даут пашин амам беше полн.
Изложени се 95 дела, од кои само пет се позајмени од други места, а останатите 90 се на семејството, при што повеќето од нив не се видени во јавност уште од времето кога Димитар Кондовски беше жив.
Изложбата ќе биде отворена во следните три месеци.
Фото: КИРО ПОПОВ