Во Музејот на современа уметност (МСУ) отворена е изложбата на дела од современиот британски уметник Демиен Хрст, со која Британскиот совет во Македонија одбележува 20 години постоење.
Изложбата, насловена „Нова религија“, е целина од 44 графики изработени во ситопечат-техника и четири скулптури кои функционираат како циклус фрески. Изложбата е реализирана во соработка на Британскиот совет, галеријата „Пол Столпер“ од Лондон и Министерството за култура на РМ.
Патувачката изложба „Нова религија“ досега има гостувано во повеќе земји во Европа и регионот, а во Скопје ќе остане до 11 август.