Во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, синоќа беше отворена изложбата „Егзит 2017 – Поврзување на континентот“ на групата „Егзит“ од Јужна Кореја. На изложбата се претставени дела на дванаесет автори изработени во различни техники.
– Карактеристика се живите бои, контрастот помеѓу црната и белата боја како нешто што е карактеристично за нивната култура, интензивни бои кои можете да ги сретнете во нивните традиционални храмови, како розова, виолетова, сина, – рече организаторот Маја Кировска во изјава за медиумите.
Таа појасни дека темите во уметничките дела се најмногу инспирирани од патувањата на авторите, но и од животот и сето тоа што ги опкружува, од соништата и односите помеѓу луѓето, семејството.