Во поранешниот затвор на францускиот град Авињон, неодамна беше отворена изложба на современата уметност, прва изложба организирана во француски затвор.
„Во Франција, никогаш немало изложба во некој затвор”, изјавил директорот на колекцијата и автор на изложбата Ерик Мезил.
На изложбата „Исчезнувањето на светулките“ посветена на самотноста и заробеништвото, презентирани се околу 30 дела од јавни и приватни колекции.
Покрај натписот „Затвор” за време на шест месеци поставен е и натписот „Тишина, овде е музеј“.
Делата се изложени на ѕидовите по ходниците, во заедничката просторија за затвореници и во самиците. На ѕидовите се оставени графитите што ги напишале затвореници.
Затворот, наменет за 600 затвореници, затворен е во 2003 година.
Зградата се наоѓа во стариот дел на Авињон, град во јужниот дел на Франција, во близина на папската палата од 14 век и мостот од 12 век кои се заштитени под УНЕСКО.