По повод Светскиот ден на музеите – 18 Мај, денес во Даут пашин амам се отвори изложбата „Уметникот и јас“. Во организација на едукативниот сектор на Националната галерија на Македонија, оваа изложба опфати различни старосни групи од неколку градинки, основни и средни училишта од градот Скопје. Застапени се различни ликовни мотиви кои ги претставуваат личните видувања на учениците инспирирани од постојаната поставка на Националната галерија на Македонија. При отворањето на изложбата беа доделени пригодни благодарници за учесниците.