На Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје отворена е изложбата ИАС07 – Изложба на архитектонски студија. Поставката е сместена во Големата сала на Архитектонскиот факултет и на неа се претставени завршните резултати од работата на студентите во архитектонските студија во зимскиот семестар од учебната 2015-2016 година.
Изложбата ја отвори деканот на Архитектонскиот факултет проф. Минас Бакалчев, кој освен преставувањето на изложбата од технички аспект ја истакна важноста и можноста пошироката јавност да се запознае со овие групни студија на нашите млади идни архитекти.
УЧЕСНИЦИ на ИАС07:
Архитектонско студио 1 АС1 голема сала
Тема:
Педагошки тим: Митко Хаџи Пуља, Доминика Бошкова, Минас Бакалчев, Александар Радевски, Марија Мано-Велевска, Горан Мицковски, Бетим Зекири, Дејан Ивановски, Дарко Драгановски, Павел Вељаноски
Архитектонско студио 3 АС3 коридор
тема: Место за престој во природа
локација: Парк-шума Гази Баба
педагошки тим: Јован Ивановски, Доминика Бошкова, Огнен Марина, Бојан Каранаков, Ана Ивановска-Дескова, Горан Мицковски, Мери Батакоја, Ивана Топаловска, Павел Вељаноски, Борислав Трифуновски Николовски, Александра Саздов
Архитектонско студио 5/1 АС5/1 227
тема: Станбена кула + градски вили, живеење покрај река
локација: Кеј на река Вардар, Велес
педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Александар Петановски, Гордан Петров, Викторија Богдановска
Архитектонско студио 5/2 АС5/2 228
тема: Институт за фолклор и народна архитектура во Галичник
локација: с. Галичник
педагошки тим: Анета Христова-Поповска, Михајло Зиновски, Мери Батакоја, Моника Новковиќ, Елена Тасевска, Владо Данаилов
Архитектонско студио 7/1 АС7/1 312
тема: Остров
локација: Охридско езеро
педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Александар Петановски, Гордан Петров, Викторија Богдановска
Архитектонско студио 7/2 АС7/2 коридор северно крило
тема: Трансформација на напуштени железнички објекти во нов урбан пејсаж – интернационална железничка станица Скопје
локација: Скопје
педагошки тим: Михајло Зиновски, Анета Христова-Поповска, Игор Медарски, Стефани Соларска
Архитектонско студио 7/3 АС7/3 115
тема: Винарија
локација: Околина на Скопје
педагошки тим: Александар Радевски, Горан Мицковски , Димитар Папастеревски, Виолета Ѓоргиевска, Марио Батковски
Интегративно студио 214
тема: Просторно програмска трансформација на напуштени или недоволно искористени локации во Скопје
локација: Скопје
педагошки тим: Горан Мицковски, Александар Радевски, Јован Ивановски
Интегративно студио коридор јужно крило
тема: Седум јавори, примероци – Велес
локација: Велес
педагошки тим: Минас Бакалчев, Саша Тасиќ, Александар Петановски, Гордан Петров, Викторија Богдановска
Интегративно студио 314
тема: Истражување на просторна и програмска синтакса во село Љубојно
локација: с. Љубојно
педагошки тим: Михајло Зиновски, Игор Медарски, Стефани Соларска, Игор Котларовски
Интегративно студио 215
тема: Обрасци на раст: Микроград
локација: Скопје
педагошки тим: Слободан Велевски, Марија Мано-Велевска, Огнен Марина, Милка Докузова