Насловна / Вести / Отворена изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ во Битола

Отворена изложба „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ во Битола

Амбасадорот на Кралството Холандија Вилен Ваутер Пломп и амбасадорот на државата Израел Дан Оријан, синоќа во Битола отворија изложба на тема „Ана Франк – Лекции за сегашноста“.

Во своите обраќања, двајцата амбасадори направија паралела од животот на младите луѓе во времето на Ана Франк и денешните можности на младиот човек.frankizlozba

– Семејството Франк се пресели во Холандија во 1933 година за да се чувствуваат послободно. Тие беа слободни се дотогаш додека ние не успеавме да им обезбедиме слобода и живот. Со своето доаѓање во Холандија, семејството Франк стана дел од холандската мултикултурна историја, а нејзиниот Дневник – скапоцен книжевен споменик, рече меѓудругото холандскиот амбасадор во Република Македонија, Ваутер Пломп.

Државата Израел низ разни содржини посветува големо внимание на образованието на младите луѓе и нивните наставници, а дел од искуствата несебично ги споделува, посочи израелскиот амбасадор во Република Македонија Дан Оријан и најави едукативна посета на 25 наставници од Битола во Израел.ана франк

– Приказната за Ана Франк е вистинска кога младите ја раскажуваат. Во Македонија најдовме силен партнер кој ни овозможува да зборуваме и да ја презентираме историјата. Организираме најразлични манифестации, изложби…, нашата соработка, посебно со здружението АРХАМ-Битола продолжува со образовни активности и во таа смисла 25 наставници од овој град наскоро ќе бидат наши гости во Јад Вахем, потврди амбасадорот Оријан.

Во организацијата на изложбата „Ана Франк – Лекции за сегашноста“ која во Битола ќе биде отворена до 25 март учествуваа општина Битола, „Куќата на Ана Франк“-Амстердам, МКЦ-Битола, Младински образовен форум и здружението на граѓани АРХАМ-Битола.

Испрати коментар

Scroll To Top