Во Центарот за култура во Охрид свечено беше отворена Интернационалната школа за архитектура и дизајн, што веќе трета година се одржува во организација на Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ – Факултет за дизајн и архитектура.
Летната школа оваа година е насловена „Behaviorlogy in Ohrid“, а нејзини главни раководители се основачите на познатото архитектонско студио „BowWow“, архитектите Јошикару Цукамото и Момојо Каијима.
Специјални гости на работлницата ќе бидат архитектите од хрватското архитектонско студио „Penezić & Rogina“, архитектите Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина. Дел од овогодишното издание на летната школа ќе заземат вкупно 25 студенти од Македонија, Србија, Албанија и Јапонија.