Насловна / Ентериери / Отворена и топла работна атмосфера

Отворена и топла работна атмосфера

244820_2_600

Канцелариите на Case Meallin во Австралија содржат акценти кои веројатно повеќе би ги очекувале во надворешноста на објектот. Наместо здодевно секојдневно решение, архитектите од студиото Mim Design создале креативен изглед со додавање на детали кои ја надополнуваат внатрешноста.

Акцентите од дабово дрво, што ги гледаме како високи столбови низ канцеларијата, прават да се чувствувате како да се наоѓате во кабина. Деталите навистина го прават местото многу попријатно што е идеално за повеќе луѓе, кои  наместо да бидат заглавени во безлично работно опкружување уживаат во пријатната работна атмосфера. Бидејќи фирмата немала многу работен простор, архитектите се потрудиле да создадат отворен план, па на вработените им се чини просторот многу поголем и поширок.

case-meallin-office 244820_8_600 244820_7_600 244820_6_600 244820_5_600 244820_4_600 244820_3_600

 

Испрати коментар

Scroll To Top