Отворени се пријавите за учество на Неделата на одржлива енергетика во Европската унија – EUSEW 2022, која ќе се одржи од 26-ти до 30-ти септември. Настанот ќе се организира и со физичко присуство и во онлајн формат. Просторот за учество на конференцијата во Брисел е ограничен. Организаторите за оваа година најавуваат конференција на високо ниво, можност за вмрежување, саем на енергетика со иновативни проекти во областа на зелената енергија, церемонија на доделување на награди за одржлива енергетика и третиот Европски ден на енергиајта за младите.
Овогодишното мото на настанот е „Озеленување и дигитализација за енергетска транзиција на Европа“. Во повикот за учество е истакнато дека гласовите на стручњаците за чиста енергија нудат драгоцено упатство за иднината на Европа. Неделата на одржливата енергетика во ЕУ, ќе ги собере претставниците на властите, приватните компании, невладините организации, партнерите на ЕУ проекти и истражувачите и потрошувачите, со цел да се промовираат зелени и дигитални иницијативи за енергетската транзиција на Европа. EUSEW е најголемиот годишен настан посветен на обновливите извори и ефикасното користење на енергија во Европа. Го организира Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина (CINEA) во соработка со Генералниот директорат за енергетика.