Во Уметничката галерија при ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка, отворена е изложба на полски плакат со наслов „Полската школа на плакат“ (Polska szkola plakatu).
На изложбата на графички дизајн, презентирани се различни плакати направени од страна на неколку генерации полски графички уметници, вклучувајќи ги мајсторите на полската постерска уметност (Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски, Швиежи и Томашевски).
Изложбата е дел од иницијативата „МузеумЛинк 2016“ која на едно место собра повеќе музејски установи од Република Македонија, со цел меѓусебно да соработуваат на заеднички проекти и активности и да го збогатат културното живеење во повеќе македонски градови.
Иницијативата е на Музеј на град Скопје, а досега во неа се вклучени Завод и музеј Штип, Завод и музеј Битола, Завод и музеј Охрид, Музеј на Тетовскиот крај Тетово, Народниот музеј Велес, Музеј на град Неготино, Музеј и галерија Кавадарци, Музеј Куманово, Народен музеј Свети Николе, Музеј на град Кратово, Градски музеј Крива Паланка, Музеј „Теракота“ Виница, Музеј Гевгелија, Завод и музеј Прилеп, Музеј „д-р Никола Незлобински“ Струга и др.
Изложбата на полски плакат во Крива Паланка ќе трае до 19 јули.