Насловна / Вести / Отворена е годишната изложба во Археолошкиот музеј на Македонија

Отворена е годишната изложба во Археолошкиот музеј на Македонија

Во Археолошкиот музеј на Македонија отворена е годишната археолошка изложба на која на крајот на секоја година пред јавноста се изложуваат најзначајните артефакти кои се пронајдени при истражувањата на локалитетите.

На деветтата по ред археолошка изложба од околу 20 000 наоди откриени годинава, изложени се околу 700 најзначајни. Презентирани се монети, оружје, алатки, керамика, накит… , кои сведочат за илјадници години стара цивилизација на територијата на Република Македонија.

Arheoloski_2_A

Археолошките истражувања, кои се дел од капиталните проекти на Владата на РМ, годинава се одвиваа во 22 општини и на 60 локалитети низ Македонија.  Во истражувањата беа вклучени екипи од девет надлежни институции координирани од Управата за заштита на културното наследство (УЗКН).

Со проектот „Археолошки катастар на Република Македонија“ беа изведени интензивни теренски активности на старите градови и тврдини, при што се пронајдени стотици сребрени и бронзени монети од антиката и средниот век, како и други археолошки наоди. Околу педесет проценти од истражуваните локалитети се првпат откриени во оваа година.

Поставката во витрините на Археолошкиот музеј ги вклучува и веќе добро познатите наоѓалишта – античките цивлизациски градски центри: Билазора кај Свети Николе (каде што се истражува т.н. владетелска палата од 4 и 5 век п.н.е.); извонредно богатиот пајонско-македонски град на Градиште кај селото Младо Нагоричане, Кумановско; античкиот град Стибера во областа Девриоп; Пелагонија, главен град на истоименото античкото кралство, локалитетот Старо Бонче, Прилепско; праисториската опсерваторија Кокино во Кумановско…

Изложбата ја отвори премиерот Никола Груевски кој истакна дека особено значаен интерес оваа година побудуваат истражувањата на досега најголемиот антички објект откриен во Македонија – театарот во Скупи, чии наоди заземаат значаен дел од годинашната археолошка изложба.

Arheoloski_4_A

Arheoloski_1_A

Директорот на УЗКН Виктор Лилчиќ-Адамс рече дека секоја од 80-те македонски општини поседува стотици моќни археолошки локалитети, а меѓу нив, како што рече, најмалку еден е фаворит со врвни културни цивилизациски вредности.

–  Поради тоа, и оваа, деветта година по ред, археолозите од девет институции, музеи и заводи за заштита и институти, влегоа во 22 македонски општини каде третираа 60-ина извонредно репрезентативни цивилизациски точки. Меѓу илјадниците археолошки наоди, оваа година посебно внимание привлекуваат монетите на кралевите на античкото кралство Македонија рече Лилчиќ.

Arheoloski_5_A

 

Испрати коментар

Scroll To Top