Насловна / Вести / Отворена делницата на автопатот Милош Велики од Нов Белград до Сурчин (ВИДЕО)

Отворена делницата на автопатот Милош Велики од Нов Белград до Сурчин (ВИДЕО)

Викендов во Србија е отворена делницата на автопатот Милош Велики од Нов Белград до Сурчин, со должина 7,9 километри во која се вложени 70,9 милиони долари.

За граѓаните на Нов Белград и Земун ова ќе биде најбрзата врска со автопатот Милош Велики и ќе им овозможи директно да се поврзат на овој автопат наместо да влегуваат преку автопатот Белград-Загреб.

bg

Новоотворената делница има три ленти со ширина од 3,5 метри во секоја насока, разделен појас од пет метри, пешачки патеки широки два метри и велосипедска патека со ширина од 2,2 метри.

Проектирана е за брзина од 80 километри на час и има четири моста и два надвозници.

На отворањето претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави  дека тоа е клучна делница за Белград и најави отворање на неколку делници од автопатот, како и проширување на кружниот тек кај отворениот дел од автопатот, кој бил тесно грло.

На отворањето присуствуваше и кинеската амбасадорка која рече дека и е драго што оваа делница е изградена навреме.

Договорот со кинеската компанија China Communications Construction Company за изградба на делницата од Нови Белград до Сурчин беше потпишан во август 2019 година, а изградбата започна во март 2021 година.

Испрати коментар

Scroll To Top