Рускиот претседател Владимир Путин вчера го пушти во сообраќај железничкиот мост помеѓу Русија и Крим кој со должина од 19 километари е најдолг во Европа. Според неговите зборови се очекува преку мостот следната година да бидат превезени 14 милиони патници и 13 милиони тони стока.
Патничкиот сообраќај со воз тргна вчера, а превозот на стока ќе почне во јули. Проектот на железничкиот мост вреден е 3,6 милијарди долари.
Истовремено од Санкт Петербург за Севастопољ тргна првиот патнички воз, а возењето ќе трае повеќе од 43 часа, пренесува ТАС С.
Патниот сообраќај на паралелниот мост преку Керчкиот мореуз меѓу Црното и Азовско море пуштен е во мај 2018. година.