Насловна / Вести / Отворен Саемот за градежништво и недвижности

Отворен Саемот за градежништво и недвижности

KPO_9456

На Скопски саем денеска почна Саемот за градежништво и недвижности.  На Саемот за градежништво годинава учествуваат 90 компании, а во рамки на Саемот за недвижнини 20 компании. Од странство присутни се од Германија, Турција и Србија. Се очекува голем интерес за саемот со околу 15.000 посетители. Саемот се одржува во три хали и е отворен од 10 до 19 часот

На Саемот за недвижнини ќе бидат понудени над 3.000 плацови и 3.000 станови кои можат да се вклопат во владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“. Понудата е од вкупно 110 компании и плацеви од 13 општини, од кои четири скопски.

KPO_9411

Саемската манифестација ја отвори вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.  -Градежништвото како гранка е значајна  во економските стратегии и политиките на Владата. Тоа е потпора на македонската економија, кое е поддржано на повеќе начини. Прво преку растот на јавните инвестиции, односно крупните капитални проекти, како и преку низа проекти како што се  повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за прв промет на станови која има улога на цената, како и проектите Купи куќа за млади кој статуваше годинава и кој е надополнување на проектот Купи куќа, купи стан кој стартуваше во 2012 година, рече Ставрески.

KIR_0542

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски вели дека оваа локална самоуправа е подготвена и оти има на располагање 500 плацови во проектот „Јака“.

– Има доволен број локации токму за градење куќи. Во проектот Јака има 500 плацови, каде за дел инвеститорите имаат извадено одобрение за градба и со нив се подготвени да учествуваат во владиниот проект „Купи куќа за млади“, рече Стојановски и додаде дека овој проект е идеален токму за руралните средини.

Во Прилеп има 370 плацови со почетна цена од едно евро за квадрат во населбата Градина. Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека за овие плацови има интерес особено по објавување на владиниот проект „Купи куќа за млади“.

KPO_9476

– Имаше интерес да изградиме што повеќе парцели. Голем бенефит од проектот имаат и граѓаните, младите, меѓутоа и општината бидејќи дел од целокупната инфраструктура за нормално фуккцонирање на населбата ќе биде финансиран од Владата, рече Ристески.

Градежниците очекуваат и натаму раст во секторот и поголема продажба на станови, а за цените на квадратот не очекуваат промена.

KPO_9449

Роберт Хот од Градежната комора при Сојузот на стопански комори истакна дека градежниот сектор се очекува да биде како и досега двигател на македонската економија уште најмалку во наредните четири години. Дополнителен придонес на зголемување на капацитетите на градежниот сектор, според него, ќе имаат и проектите „Купи куќа, купи стан“ и особено новиот „Купи куќа за млади“ на кој таргет му се младите лица на кои сакаат да обезбедат сопствен дом.

– Интересот е голем, а со понудата на плацови од општините, очекуваме тој интерес од ден на ден се повеќе да се зголемува, вели Хот.

KPO_9448

Тој потенцира дека подолг период пазарот на недвижности е стабилен и не се очекува  намалување на цената на становите.

Зоран Азманов од Настел порача дека не е добро да се намалува цената на становите, бидејќи, како што вели, тогаш економијата оди надолу.

Според Ванчо Чифлиганец од Адора Инжинеринг, цените на становите се поволни за квалитетот што се нуди.

KPO_9438

Потенцира дека годинава расте продажбата на станови и оти во првите два месеци од годинава има раст и оти за тоа придонес имаат поволните станбени кредити, како и ниските камати на депозитите.

Глигор Бишев од Шпаркасе банка истакна дека каматите на станбените кредити зависат од понудата и побарувачката на депозитите и оти тие ќе се движат како и кај останатите, односно ќе ја следат судбината на цената на капиталот, односно штедењето.

SAEM rade

– Штедењето расте во последните две години со темпо од 7 проценти, а кредитната активности на населението расте со 13 проценти побргу што значи банките треба да увезуваат странско штедење и од тој аспект ќе зависи што ќе се одвива на меѓународните финансиски пазари, појасни Бишев.

Градежните компании на потрошувачите за време на Саемот им нудат попусти, како и дополнителни поволности заедно со банките и осигурителните компании.

Испрати коментар

Scroll To Top