Цариниците на рускиот град Нахотке на далечниот исток на Русија, ја оцариниле првата серија од 37 контејнери кои стигнале преку новата транзитна рута Северна Европа – Азија. Оваа рута е дел од пилот проектот на Федералната царинска служба на Русија и компанијата Maersk. „Контејнерите со дрвени материјали, хемиски производи и текстил, стигнале во пристаништето Восточни (во Приморската област) преку Транссибирската железница од земјите на Северна Европа преку Санкт Петерсбург. Потоа стоката е испорачана кон Јужна Кореа и Јапонија“ се вели во соопштението. Исто така, се истакнува дека оваа рута овозможува двојно скратување на времето за испорака помеѓу Европа и Азија – за 18 или 20 дена, споредено со традиционалната рута преку Суецкиот канал кога за доставата биле потребни 42-45 денови.
Претходно е соопштено дека Maersk во соработка со компаниите Modul и Global ports организираше мултимодален сервис за испраќање на контејнери од земјите на Северна Европа во Азија преку Санкт Петерсбург. Слична услуга преку овие три компании претходно функционирала и вo спротивната насока, Азија – Европа.