Насловна / Архитектура / Отворен рускиот духовен центар во Париз

Отворен рускиот духовен центар во Париз

ruska-crkva-vo-pariz3

Во средата, во самиот центар на Париз, на кејот Бранли блиску до Ајфеловата кула и Домот на Инвалидите, беше отворен Рускиот духовно-културен центар.

Bishop Nestor cuts the ribbon during the inauguration of the Russian Orthodox Cathedral Sainte-Trinite, with the Spiritual and Cultural centre, in Paris

На отворањето, на кое беше планирано да присуствуваат претседателите на Франција и Русија Франсоа Оланд и Владимир Путин, поради политички причини тие не се појавија. Руската делегација ја предводеше министерот за култура Владимир Медински, а во неа беа и црковно владини претставници.

ruska-crkva-vo-pariz2

За вредноста на реализираниот проект не се кажува ништо, но француски медиуми тврдат дека Москва само за земјиштето помало од еден хектар платила 73 милиони евра. Додека за изградбата се шпекулира со бројки од 80 до 100 милиони евра. Инаку, вкупната површина на која се изградени објектите е 4672 метри. Тие се изградени од традиционалниот за Париз бургундски камен.

ruska-crkva-vo-pariz-otvoranje

Комплексот не е само култен. Во него има голема сала за концерти и конференции, канцеларии, руско-француско училиште, библиотека, книжарница, простор за изложби и неколку елитни апартмани. Главното внимание, сепак, е посветено на Свето-Троицкиот соборен храм кој е во средината на Духовно-културниот центар. Според некои медиуми, тоа е прва чисто руска трага во архитектурата на Париз по изградбата на мостот Александар III кон крајот на 19 век.

ruska-crkva-vo-pariz-novo2 ruska-crkva-vo-pariz-novo1 ruska-crkva-vo-pariz-novo

Во минатиот број на „Порта 3“ и нa нашиот портал овој проект беше детално претставен.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top