Вчера вечер се отвори првиот Саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ во Младинскиот културен центар, кој ќе трае до утре (15 јуни).
На првото издание на „Паратисима Скопје” изложени се дела на повеќе млади уметници и дизајнери од Македонија, Италија, Франција, Грција и Црна Гора. Taкa, во „Денсинг салата“ на МКЦ е поставена централната изложбена поставка, потоа во „Горното фоаје“ изложба на дизајн и накит и изложбата Super Design Mix-Up, додека во Галеријата МКЦ изложба на студентите од ФЛУ во Скопје и од Штип. Целата изложбена поставка е отворена за јавноста до утре до 22 часот. Освен изложбата, во рамките на саемот се случуваат и разни предавања и работилници од областа на дизајнот и уметноста, презентации на техники на изработка на накит, како и проекции на уметнички видеа, кратки филмови, документарни филмови…
Иако избраните автори на овој настан се без претходна селекција, предвидено е утре на затворањето на саемот, во 21.30 часот, да бидат објавени селектираните десетина автори коишто ќе имаат можност да ги прикажат своите дела на „Паратисима“ во Торино во ноември годинава.
Саемот се реализира со финансиска поддршка од Стопанска комора Торино и институционална поддршка од Младинскиот културен центар, Град Торино и Град Скопје. Влезот е бесплатен.
Саемот е во организација на граѓанското здружение за промоција и поддршка на културата Континео 2020 во соработка со партнерската организација YLDA (Young People for Local Development Association) од Торино, Италија.
Bravo! Ubavo e da se slucuvaat vakvi kulturni nastani pocesto!