Насловна / Вести / Отворен првиот квадрант на ОМА во стоковната куќа KaDeWe во Берлин

Отворен првиот квадрант на ОМА во стоковната куќа KaDeWe во Берлин

Историската берлинска стоковна куќа Kaufhaus des Westens (KaDeWe) ги отвори вратите на првиот квадрант според проектот изработен од бирото ОМА.

1_resize

2_resize

Концентрична празнина која се протега на шест ката содржи серија ескалатори обложени со дрво. Во подножјето, во продолжение на главниот влез Tauentzienstraße, празнината служи и како малопродажен простор  и како простор за настани. Надвор, на аголот на Tauentzienstraße и Passauer Straße, претставен е нов двокатен излог за дигитални и аналогни презентации.

3_resize

Наместо да се третира постојната зграда како единствена маса, проектот воведува четири квадранти кои ја фрагментираат оригиналната маса во помали, лесно достапни и отворени сектори. Со овој проект, OMA и KaDeWe се занимаваат со забрзаните промени во однесувањето на потрошувачите и предизвиците и можностите што ги носи онлајн малопродажбата, а влијаат на традиционалните стоковни куќи.

8_resize

Секој квадрант е поврзан со различен влез од улиците и се карактеризира со специјално проектирано јадро кое го организира просторот, дејствувајќи како атриум и како примарна циркулација. Овие празнини се преобликуваат и се протегаат заедно со висината на зградата, со што секој кат се трансформира во различно просторно искуство, пишува ArchDaily.

5_resize

9_resize

Партнерката во ОМА, Ellen van Loon вели: „Реновирањето на KaDeWe има за цел да ја редефинира динамиката помеѓу малопродажниот простор, неговите корисници и урбаното опкружување, во време кога е-трговијата го преобликува нашиот однос кон купувањето. Проектот ги реинтерпретира темелните елементи на типологијата која практично остана непроменета повеќе од 100 години “.

6_resize

15_resize

Реновирањето на стоковната куќа во Берлин, кое е во тек од 2016 година, е првиот проект на OMA за групацијата KaDeWe. Проектот го водат Ellen van Loon и Rem Koolhaas, со архитектот на проектот Natalie Konopelski. Исто така, Ellen van Loon, работи на проектот на новата продавница од групацијата KaDeWe во Виена.

12_resize 13_resize

14_resize

7_resize

11_resize

Испрати коментар

Scroll To Top