Насловна / Архитектура / ОТВОРЕН ПОВИКОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА НАГРАДА “АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2022 ГОДИНА

ОТВОРЕН ПОВИКОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА НАГРАДА “АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2022 ГОДИНА

Скопје, 29.09.2022 година – Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) традиционално и оваа година го отвори повикот за предлагање на можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов“ за 2022 година.

Престижната награда „Андреја Дамјанов“ претставува признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градежништвото. Оваа архитектонска награда преставува афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја и се доделува на државјанин на Република Северна Македонија. Право за поднесување на предлог за можни добитници имаат членовите на ААМ, каде оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши комисија, во чии редови е и добитник на наградата “Андреја Дамјанов“. Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов, а добитникот станува и член на Архитектонската Академија на ААМ.

Рокот за поднесување на предлози за наградата „Андреја Дамјанов“ е 30 дена од распишување на повикот јавно публикуван во дневниот печат, односно до 28.10.2022 година.

Предлозите се доставуваат исклучиво преку: [email protected]

Сите заинтересирани за наградата „Андреја Дамјанов“ за 2022 година, повеќе информации можат да добијат на телефонскиот број: 076 350 336, или на: [email protected]

Претседател на ААМ – Асоцијација на архитекти на Македонија

проф. д-р Мишко Ралев, Архитект

logo_aam

 

Испрати коментар

Scroll To Top