„Јавна соба“ и „Капка“ како организатори ги отвораат вратите за сите заинтересирани дизајнери од Македонија и регионот да земат учество на првото издание на саемот за накит и модни додатоци „НАКИТ 2016“.
Настанот, кој ќе се одржи на 7,8 и 9 октомври во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, ќе биде збогатен со дополнителни активности како предавања, презентации и работилници.
Право на учество имаат сите изработувачи и дизајнери на накит, како и автори и уметници од други области кои го користат накитот како форма на уметност и средство за креативно изразување и кои се фокусирани на нови, иновативни и свежи идеи.
Саемот има интернационален карактер и нема ограничување во однос на употреба на материјали, форма и концепт на парчињата што ќе бидат изложени.
Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 15 септември. Саемот ќе се одржи на 7,8 и 9 октомври.
Повеќе информации и форма за апликација на www.publicroom.org
Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна до 20 септември за учеството на саемот.