Новиот облакодер на Светскиот трговски центар – највисокиот во Њујорк, што е изграден на местото на некогашните Кули близначки, разурнати во нападите од 11 септември 2001 година, денеска ги прими првите посетители – службениците на издавачката компанија „Конде Наст“.
Облакодерот има 104 ката, а неговата изградба чинеше 3,9 милијарди долари.
На неколку метри од новата зграда се наоѓа меморијалот и музејот во спомен на загинатите 2.753 лица од 11 септември 2001. Тие се изградени точно на местото на поранешните Кули близначки.
Новиот облакодер e со височина од 541,30 метри и е раководен од организацијата „Даст“. Тој е сопственост на државната агенција Пристанишни власти на Њујорк и Њу Џерси.
Во 2015 ќе биде отворена и опсерваторија меѓу стотиот и 102-от кат на облакодерот.
Новиот комплекс на Светскиот трговски центар во Њујорк вклучува пет кули, меморијал, музеј, центар за јавен транспорт, 550.000 метри квадратни површина и простории за културни манифестации.