Во Скопје отворен е новиот објект на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“.
Oбјектот е поставен на земјишна површина од 9.000 м2, со ефективна корисна површина од 17.000 м2, распоредена во сутерен, нулти кат, три ката и посебен кат за машинство.
Објектот е според највисоките светски стандарди со уникатен ентериер, врвна медицинска опрема, комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух и максимална комфорност на пациентите, посетителите и вработените.
Системите кои се вградени во објектот се во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност. Преку нив објектот има најниска емисија на CO2, создаден да ги задоволи највисоките стандарди во градењето, работењето и одржувањето.
Дијагностичкиот центар е сместен на приземјето од објектот. Секоја амбулантна е опрема со смарт 3Д ултразвучни апарати со можност за висококвалитетни прикази на внатрешните органи, со што е овозможено детална дијагностика.
Рентген дијагностиката е опремена со најнова генерација на апарати – рентген, компјутерска томографија, ангиографија и магнет дијагностика. кои се последна смарт генерација на „Филипс“, со минимално зрачна технологија за пациентите и за персоналот, и со максимално прецизни резултати и со најкраток временски период за нивно добивање. Просториите се со специјална оловна заштита.
Во објектот има пет модуларни операциони сали со површина од по 50 м2. Салите се опремени со последна технологија на Трумф операциони столови, хируршки лед светла, компактен мониторинг систем за прикажување на актуелната состојба на пациентот и сите направени иследувања. Најнова генерација на анестезија машини, софистицирани пациент монитори се дел од врвната применета технологија.
Болницата располага со интензивен оддел и со оддел за полуинтензивно лекување, кој по своите карактеристики е индетичен со интензивната нега. Болничките соби се двокреветни, со пријатен амбиент, но и медицинска безбедност за секој пациент.
Болницата располага и со 10 еднокреветни, два делукс апартмани, со 12 амбуланти, 128 болнички кревети од кои 63 кревети на интензивна нега, сала за физикална рехабилитација, оддел за психолошка поддршка, просторија за научни собири или т.н. амфитеатар е со капацитет за 100 слушатели, кујна со софистицирана опрема за подготовка на храната, ресторан.
Инвестицијата чини 40 милиони евра.