Отворен е нов објект „Детелинка“ во рамките на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Се работи за адаптиран простор за згрижување 62 деца на возраст од 9 месеци до 6 години. Објектот со три занимални и други придружни простории е на површина од 348 м2.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во своето обраќање потенцира дека ова е уште еден конкретен чекор за зголемување на опфатот на деца во предучилишни установи во Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика во рамките на својот буџет издвои 3.789.000 денари за изведување градежно-занаетчиски работи и 1.513.112 денара за опремување на просторот. МТСП исто така обезбедува средства за редовно вршење на дејноста во овој објект преку блок-дотации.