ЕВН Македонија го отвори новиот КЕЦ (Кориснички енерго центар) во Битола за потрошувачите во овој реон. Новиот објект е лоциран во населбата Боримечка на површина од близу 1000 метри квадратни и е направен во согласност со ЕВН стандардите, со оптимална организација за опслужување на поголем број корисници истовремено.
Соодветниот паркинг простор овозможува и полесен пристап до Центарот, а општите и специфични услови за работа на вработените се надградени.
На свеченото отворање на присутните им се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.