Нова инвестиција од 500.000 евра се реализираше во Општина Илинден. Во локалната индустриска зона компанијата „Мултишпед“ пушти во употреба нов царински склад, кој отвора нови 15 работни места.
Компанијата се занимава со транспорт и со логистика и нуди дистрибуција на разни услуги и стока, а објектот се простира на површина од 1.000 квадратни метри.
Од Општина Илинден наведуваат дека со отворањето на новиот стопански објект на „Мултишпед“ продолжува инвестицискиот циклус во општината, а бизнис-семејството на Општина Илинден е побогато за уште еден член.