Минатиот месец во Москва официјално се отвори првиот музеј наменет за најмладите наречен Living Beings. Во просториите на новиот музеј овозможено е децата да се во постојана интеракција со изложените предмети, како што е на пример тестирањето на белите дробови на човекот како што е прикажано на сликата подолу. Програмата е поделена во два дела, првиот оддел е посветен на животните, а вториот дел е посветен на изучување на човековото тело. Музејот е од исклучително едукативен карактер, кој преку необичен, забавен и иновативен начин им овозможува на децата да научат нешто повеќе.