Новиот музеј во Данска со својот импресивен изглед претставува вистинска сцена на рокот и омаж на славните изведувачи на добрата музика.
Музејот на рокот Ragnarock, кој е формиран во соработка меѓу архитектонското студио MVRDV и компанијата COBE, неодамна беше отворен за јавноста.
Со златната фасада и кадифениот црвен ентериер, овој објект, според авторите, го сјае рокенрол ставот.
Она што ги импресионира не само посетителите на музејот туку и луѓето од професијата, е храбро надвиснатата конзола над влезното фоаје долга 20 метри.
Фасадата е направена од златни панели со пирамидална форма кои треба да потсетуваат на звучните изолации во музичките студија.
Музејот Ragnarock е дел од проектот ROCKmagneten, односно на урбанистичкиот план за областа околу музејот, каде што некогаш била сместена фабрика за бетон. Рок музејот е поставен во срцето на оваа локација, која е замислена како центар на музика и култура.
Симболичното име Ragnarock во нордиската митологија е името на последната битка на боговите против злото, по што настанува новиот поредок.
Според Дан Stubbergaard од фирмата COBE, дизајнот на музејот е дизајниран така, да претставува имиџ и став на рок музиката. Идејата била да се насочи рок енергија и да се обликува низ архитектура, пишува ArchDaily.
Кадифено црвената боја во ентериерот не е случајно избрана. Поточно, таа треба да потсетува на кадифената внатрешност на футрола од гитара.
Четирикатниот објект, со дваесет метри долга конзола, содржи многу јавни содржини. Во музејот се наоѓаат изложбени простори, кафулиња, работилници, библиотека, студио за снимања како и отворен простор за изведување на музика.
Музејот Ragnarock, како своевиден омаж на рок-ѕвездите како што се Боуви, Џегер и Хендрикс, ќе биде отворен за јавноста во текот на годината.