Насловна / Архитектура / Отворен Музеј на германскиот фудбал во Дортмунд

Отворен Музеј на германскиот фудбал во Дортмунд

Фудбалот е тимски спорт во кој победуваат Германците. Затоа е логично да имаат и музеј посветен на своите фудбалери, тимови и на репрезентацијата.muzej na germanski fudbal

Во центарот на Дортмунд, непосредно во близина на главната железничка станица, неодамна се отвори Музејот на германскиот фудбал, чиј проект е потпишан од страна на архитектонското биро HPP.muzej na germanski fudbal (2)

На 7.700 м2 се простира музејскиот простор кој слави 140 години долга традиција на овој спорт во Германија.

Богатата интерактивна изложба е спакувана во модерен ентериер кој јасно ги води посетителите на музејот подлабоко да истражуваат.

muzej na germanski fudbal (3)

Веќе на фасадата може да се види јасна порака дека фудбалот е омилен спорт во Германија. Фудбалските мотиви се презентирани на перфорирана алуминиумска фасада, која е позадински осветлена со анимирани LED светла, пишува ArchDaily.

muzej na germanski fudbal (4)

Внатрешноста е поделена на изложбен дел и подиум што служи како простор за прием и како врска со останатите делови од музејот.

muzej na germanski fudbal (5) muzej na germanski fudbal (6) muzej na germanski fudbal (7) muzej na germanski fudbal (8) muzej na germanski fudbal (10) muzej na germanski fudbal (9) muzej na germanski fudbal (11) muzej na germanski fudbal (12) muzej na germanski fudbal (13) muzej na germanski fudbal (14) muzej na germanski fudbal (15)

Испрати коментар

Scroll To Top