Насловна / Вести / Отворен кракот низ Грделичка клисура на Коридорот 10

Отворен кракот низ Грделичка клисура на Коридорот 10

Во сaботата официјално се отвори јужниот крак со должина од 74 километри од Коридорот 10. Најсложена делница за изградба бил делот низ Грделичка клисура кој се градеше шест години. Низ нејзе тече Јужна Морава чиј слив е со многу изразена ерозија, затоа изградбата на автопатот во овој дел била мошне комплицирана и тешка.

most5

Работите низ Грделичката клисурата, делница од 26.3 километри, започнати се во октомври 2013 година и после тешка борба со непредвидливата клисура работите се завршени. Повеќе странски и домашни компании учествувале во изградбата и опремувањето. На делницата изградени се два тунела Предејана и Манајле со вкупна должина од 2.8 километра.

tunel

Пред пет ипол години почнала изградбата на најдолгиот патен тунел во Србија, Манајле кај Владичин Хан,кој има две цевки, 13 оперативни системи, во опремувањето се вложени 13 милиони евра.

most3

Заштитен знак на делницата е и еден од најатрактивните градежни објекти, мостот Врла. Ова е најдолг мост со должина од 645 метри и највисок мост (некои столбови одат и до висина 62 метра) на јужниот крак на Коридорот 10. На делницата низ Грделичка клисура има и две клучки, два тунела, 33 моста, вијадукт, галерија, заштитни бедеми. На изградбата работеле повеќе од 3.500 работници. Вградени се 560.000 тони афалт, а вкупната должина на сите потпорни конструкции е околу 15 километри.

1
Максималната дозволена брзина е 130 километри на час, па така според најавите од Белград до Скопје ќе се стигнува за три ипол часа, а до сега за 434 километри беше потребно најмалку еден час повеќе.
По повод отварањето на јужниот крак на Коридорот 10 во Владичин Хан се одржа свеченост на која се обратија премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, претседавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија Сем Фабрици и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

kor1

Испрати коментар

Scroll To Top