Насловна / Вести / Отворен конкурсот за Летната школа на Енергетската заедница 2022 во Сараево

Отворен конкурсот за Летната школа на Енергетската заедница 2022 во Сараево

Секретаријатот на Енергетската заедница го објави повикот за аплицирање за учество на Летната школа на енергетската заедница, која оваа година ќе се одржи во Сараево. Оваа школа нуди можност за 48 стууденти на постдипломски студии и млади професионалци да ги продлабочат своите знаења за енергетската транзиција, да разменат искуства и контакти. Во периодот од 20-ти до 27-ми август 2022, домаќин на настанот ќе биде Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево, а програмата ќе биде објавена наскоро. Учеството на школата е бесплатно, а рокот за пријавување е 31-ви март 2022. Можат да се пријават кандидати од следните земји: Албанија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Грузија, Ерменија, Косово, Македонија, Србија,  Турција, Украина и 27-те земји членки на ЕУ. Пријавувањето е достапно на следниот ЛИНК.

enc1

enc2

enc3

 

Испрати коментар

Scroll To Top