Насловна / Вести / Отворен конкурс за 20 милиони долари за енергетски проекти во регионот

Отворен конкурс за 20 милиони долари за енергетски проекти во регионот

Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) ги повикува заинтересираните да достават почетни информации за потенцијалните проекти за учество во регионалната програма „Инвестиции во енергетиката“, чија цел е да ги поддржи проектите кои се технички, економски и еколошки одржливи и да им помогне да дојдат до потенцијални инвеститори и финансиски институции. Целта на повикот објавен од страна на USAID е да се анализираат потенцијалните проекти за изработка на студии за изводливост, додека за понатамошна нивна проценка ќе се објави посебен конкурс. Почетните информации треба да се испратат на следните адреси: [email protected] или [email protected], а рокот за достава е 10-ти феврууари 2023 година.

usaid1

За реализација на оваа програма USAID има обезбедено 20 милиони долари. Проектите ќе се бираат во соработка со меѓународните финансиски институции, банкарскиот сектор, инвеститори и корисници. Минималниот износ на инвестицијата по проект е 10 милиони долари, со тоа што во одредени исклучоци ќе бидат земени во предвид и проекти под оваа граница. Поддршката се однесува на проекти во Албанија, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија, Гренланд, Косово, Македонија, Молдавија и Србија.

Испрати коментар

Scroll To Top