Насловна / Вести / Отворен „Капитол мол и резиденс“

Отворен „Капитол мол и резиденс“

01
Скопје денеска доби нов трговски центар „Капитол мол и резиденс“, домашна инвестиција во вредност од 30 милиони евра, со која се отворени 500 нови работни места. Трговскиот центар се простира на вкупна површина од 35.000 квадратни метри и се наоѓа во општината Аеродром.

Новиот објект беше пуштен во присуство на претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски, на кои инвеститорот Ајдован Адемовски им врачи благодарници за поддршката што ја добил во реализација на инвестицијата. Присуствуваа и министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор и на бизнис заедницата во државава.

03
Новите содржини, укажа, значат  нова понуда и можност за задоволување  многу општетсвени, социјални и културни  потреби на граѓаните, а неговиот изглед нова симболика и освежување на градскиот простор.

Според Адемовски, „Капитол мол и резиденс“ е убава македонска инвестиција реализирана со поддршка на домашните банки Тутунска и Халк банка.
04
– Од идеја на хартија за само 18 месеци направивме објект со повеќе намени и разновидни содржини, комплекс, кој што, убеден сум, ќе стане препознатливо, модерно и пријатно место, не само за граѓаните на Аеродором, туку за сите кои живеат во Скопје и во Македонија. Нашиот „Капитол мол и резиденс“ ќе го направи поубав и поквалитетен живот на градот во целина, рече Адемовски.

Првите четири нивоа од 12.500 метри квадратни се наменети за шопинг центар, а 8.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2.
02
Шопинг центарот „Капитол мол“ има 62 локала, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел,  детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.

На изградбата на објектот беа ангажирани над 250  работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повеќето од земјава и неколку од странство. (МИА)

Фото галерија: Киро Попов

Испрати коментар

Scroll To Top