Насловна / Вести / Отворен е новиот патнички терминал на загребскиот аеродром

Отворен е новиот патнички терминал на загребскиот аеродром

Zagreb-Terminal-Zračne-luke-

Во вторникот беше свечено отворен новиот патнички терминал на загребскиот аеродром „Фрањо Туѓман“ (од неодамна новото име за аеродромот „Плесо“), кој е проектиран за пет милиони патници годишно во првата фаза, со можност за зголемување до осум милиони.

Zagreb Aerodrom nov terminal1

Во проектот се вложени скоро 300 милиони евра. Преку новиот терминал, на полноќ на 28 март ќе се префрлат сите операции од стариот терминал, а истиот ден рано наутро тргнува и првиот редовен лет на Croatia Airlines, Загреб – Дубровник.

Zagreb aerodrom nov terminal

Новиот терминал има површина од 65.000 квадратни метри на четири нивоа со брановиден покрив, содржи 30 шалтери за чекирање и девет линии за сигурносни проверки на патниците, осум  мостови за авиони, 1000 паркинг места, мноштво угостителски содржини и продавници. Терминалот е граден во период од три години, во најголем дел од домашни компании, пренесува „Hina“.

Zagreb aerodrom Franjo Tudjman

Автори на проектот се архитектите и академици Velimir Neidhardt i Branko Kincl.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top