Европската коалиција на невладини организации Climate Action Network (CAN) Europe ги повикува младите од Западен Балкан да се пријават на Климатскиот форум на младите од Западен Балкан 2024. Програмата е осмислена за учесници на возраст од 18 до 30 години, кои се заинтересирани да го збогатат своето знаење за климатските и енергетските теми на Западен Балкан. Споменатата коалиција има 200 членки активни во 40 европски земји и претставува повеќе од 1.700 невладини организации.
Климатскиот форум на младите од Западен Балкан 2024, би требало да собере тимови од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Срција и Црна Гора, со цел да ги истражат најважните теми во врска со климатските промени, енергетиката, климатската дипломатија и климатските преговори. Рокот за испраќање на пријавите е 20-ти септември. Програмата исто така ќе се занимава и со растечкиот проблем на дезинформации, нивното влијание врз процесите на донесување одлуки, како и на обликувањето на јавното мислење за климатските и енергетските политики. За да се поттикне сеопфатен пристап на овие теми, Форумот ќе се состои од четири различни фази:
- Изградба на капацитети (онлајн – 2-3. октомври);
- I фаза на натпреварувањето: Собирање информации (3-30. октомври);
- Натпреварување: Претставување на трудовите (онлајн – 31. октомври);
- Запознавање во живо (Студиско патување во Виена – втора половина на ноември).
Повеќе информации на следниот ЛИНК.